Испробај ја популарната азиска храна со фантастичен вкус! Ако сакаш да направиш брз, вкусен и здрав оброк, пробај го овој рецепт за пржен ориз со свинско месо и пиперки. Лесен е за подготовка и се прави со состојки кои веројатно веќе ги имаш во кујната. Ако ти останал ориз од претходниот ден, ова е одличен начин да го искористиш. Превкусно е!
Овој специјалитет потекнува од Кина и се прави со пржење на варен ориз во вок или обична тава. Најчесто се комбинира со јајца, зеленчуци, месо или морска храна.

Состојки:
- 4 лажици масло
- 350 г свежо свинско месо од Агриа, исечено на мали коцки
- ½ чаша ситно сечкан кромид
- 3 пиперки (жолта, црвена и зелена)
- 2 лажички ситно сечкан лук
- 1 лажичка ситно сечкан ѓумбир (по желба)
- 2 јајца
- 3 чаши варен ориз
- 3 лажици соја сос
- 1 лажица сусамово масло (може и маслиново или сончогледово масло)
- Сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Во поголема тава на оган ставете 2 лажици масло да се загрее.
- Сечканото свинско месо зачинете го со сол и мелен црн пипер. Додајте го тавата и пропржете го 4-5 минути или повеќе по желба.
- Пропрженото свинско извадете го од тавата и ставете го во чинија. Покријте го со фолија за да остане топло.
- Во тавата додајте уште 1 лажица масло и додајте ги кромидот. Пропржете ги 4-5 минути. Зачинете со сол и мелен црн пипер. Отстранете го зеленчукот од тавчето и покријте со фолија за да остане топол.
- Јајцата изматете ги со виљушка. Додајте 1 лажичка масло во тавата. Во загреаното масло додајте ги јајцата. Мешајте повремено со шпатула, додека јајцата се испржат на мали делови. Зачинете со сол и црн пипер.
- Во тавата ставете ги оризот, свинското и пиперките. Додајте соја сос, сусамово масло и мешајте нежно околу 3-4 минути. Пржениот ориз со свинско наросете го со млад кромид по желба и веднаш послужете го. На здравје!
Совети плус:
- Направи твоја комбинација! Додај зеленчуци како моркови, грашок, пченка…
- Оригиналниот рецепт се приготвува со масло од сусам, а во замена може да се користи маслиново или сончогледово масло.
- За подготовката користи свежо свинско месо – најдобро би било да е месо од бут (шол) или плешка. Посети ги месарниците на Агриа или набави месо од Рамстор и Тинекс маркетите. Домашно, со врвен квалитет и секогаш свежо! Дознај повеќе за Агриа – македонската компанија која произведува свежо свинско месо на принцип од „фарма до трпеза“.

Може да те интересира: Пржен ориз со пилешко.
*Рецептот е поддржан од Агриа.