грашок со месо

Прилог од грашок со месо

Ако сте љубител на грашок со месо, пробајте го овој брз и лесен рецепт. Потребни ќе ви бидат 20-тина минути за да го приготвите, а може да го послужите како прилог со печено месо или како самостоен ручек со салата по ваш избор.

Меѓу бројните мешункасти растенија, грашокот е една од најздравите и најкорисните. Тој е богат со фито-нутриенти, минерали и антиоксиданси. Во 100 грама грашок има само 81 калории и 5 грама растителни влакна, што го прави идеална храна за сите кои внимаваат на својот изглед и здравјето.

грашок со месо

Состојки:

  • 600 гр замрзнат грашак
  • 120 гр сувомесната сланина, свински врат или печеница
  • 1 мала главица кромид
  • 3-4 лажици масло
  • по вкус мешан сув зачин, рендано морско оревче, сол и пипер
  • 250 мл жешка вода

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го, а сланината исечете ја на средни коцки.
  2. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во тавата ставете ги кромидот и сланината да се пржат. Штом кромидот ќе се запржи во тавата додајте го грашокот, водата и зачинете по вкус.
  3. Оставете да вари додека течноста испари и зрната грашок омекнат. По потреба додадете вода.
  4. Приготвениот грашок со месо послужете го додека е топол.

Сподели: