пролетно смути со банана и малинки

Пролетно смути со банана и малини

Имаме супер рецепт за пролетно смути со банана и малини! Направено со кокосово млеко за уште подобро уживање и дополнителна количина на витамини и минерали. Здрав избор за почеток на денот, без шеќер, веган (посно) и без глутен. Пробајте го во првата прилика. 

Смути пијалоците се вкусни и здрави, полни со витамини и антиоксиданси, во кои можете да уживате сами или да ги споделите со семејството и пријателите. Тие се пијалоци за одличен почеток на денот. Супер едноставни за правење и неверојатно вкусни, ако не сте пробале, пробајте! Има бесконечен спектар на рецепти за смути, но зошто да не се обидете да создадете свои. Овошје и/или зеленчук и блендер е сѐ што ви е потребно за да ја ослободите вашата фантазија.

пролетно смути со банана и малини

Неколку придобивки кои ќе ве мотивираат да го направите ова смути со банана и малини

Бананите содржат повеќе хранливи состојки кои помагаат за зајакнување на имунитетот. Како резултат на високата застапеност на витаминот Б6, бананите го стимулираат производството на белите крвни клетки. Кокосовата вода е една од најпознатите освежителни пијалаци на природата, позната по своите неверојатно хранливи и здравствени својства. Таа е бистра, слатка течност во чиј состав спаѓаат шеќери, витамини, минерали, електролити, ензими, аминокиселини и цитокини. Малини се богати со витамини и минерали, имаат малку калории и низок гликемиски индекс. Покрај тоа, природните фенолни соединенија во малините имаат потенцијал за намалување на телесната тежина, па се супер храна за сите оние кои сакаат да ослабнат. Освен тоа, научните истражува велат дека овие мали здрави овошки помагаат за ублажување на воспалителните процеси и поседуваат антиканцерогени својства.

Можи да ве интересира: Јадете малини за витка линија и добро здравје.

Состојки:

  • 1 зрела банана
  • 80 г замрзнати малини
  • 150 мл кокосова вода
  • 1 лажичка шеќер од кокос.

За декорација:

  • Чиа семе или сечкани ореви по избор.

Подготовка:

  1. Бананата исечкајте ја.
  2. Во блендер ставете ги кокосовата вода, сечканата банана, малините и додајте го шеќерот.
  3. Изблендирајте ги сите состојки додека се изедначат за време од 30-60 секунди.
  4. Готовото смути со банана и малини сервирајте во чаши или чинии и декорирајте го со чиа семе и сечкани ореви. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Освежително смути од замрзнато овошје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: