Рецепт за домашни ќебапи – од кујната на Марија Кочовска

„Ќебапи или плескавици? Што обожаваш повеќе? – Одамна бев во потрага на различни рецепти за подготовка на домашни ќебапи. А сега го пронајдов најдобриот. Убави се на скара или приготвени во грил тава. Брзо се печат, а од кога го испробав овој рецепт, сега почесто ќе бидат на нашата трпеза. 

Што е најважно, сочни се и вкусни. А како ти ги приготвуваш ќебапите? Имаш некој добар рецепт? – Ако одговорот е „Да“, приклучи ни се во групата Сѐ за храна и сподели го рецептот. Секој е добредојден на кулинарската дружба. – вели Марија.   

домашни ќебапи

Состојки:

  • 400 г свежо мелено месо од Агриа
  • 1 лажица брашно
  • ½ мала лажица сода бикарбона
  • ½ мала лажица мелен црн пипер
  • 1 мала лажичка кромид во прав
  • ¼ чаша газирана вода
  • Сол по вкус. 

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги меленото месо, брашното, содата, водата и зачините. Измешајте и оставете ја смесата во фрижидер за време од 30-тина минути. 
  2. Со помош на рацете формирајте ќебапи.
  3. Во грил тава или на скара ставете малку масло. Ќебапите испечете ги за време од 6-7 минути, по околу 2 минути од страна. Послужете ги во лепиња, со кромид и ајвар по желба. На здравје! 

Совети плус:

  1. Приготвената смеса за ќебапите може да ја оставите во фрижидер и преку ноќ. Во овој случај, кромидот во прав додајте го пред печењето. 
  2. Наместо кромид во прав, може да користите и свеж кромид. Испробан ми е рецептот на двата начини, а ќебапите се подеднакво добри. 
  3. За подготовката користев свежо мелено месо од Агриа. Често ги посетувам нивните месарници, затоа што се бренд на кои верувам повеќе години. Во нивната палета имаат квалитетно домашно свинско свежо месо, јунешко месо кое може да се најде само во месарниците, како и различни видови на колбаси и сувомеснати производи од нивно производство. Ги поддржувам македонските производители и набавувам квалитетни производи. А дали знаеш дека во месарниците на Агриа во Велес може да порачаш и готова скара? Посети ја фан страницата на Агриа на Facebook, како и нивниот Instagram профил и следи ги сите новости.
рецепт за домашни ќебапи

Заследи ме на социјалните мрежи

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Може да те интересира: Најдобри совети за вкусни ќебапи и плескавици.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: