рижото со пилешко месо и зеленчук

Рижото со пилешко месо и зеленчук

Вкусен ручек за целото семејство! Ако сте љубител на лесни, брзи и едноставни рецепти, морате да го пробате рецептот за рижото со пилешко месо и зеленчук кој ви го предлагаме дирекно од нашата кујна.

Ова јадење не содржи глутен и е погодно за сите кои практикуваат здрава исхрана, па не чекајте долго да го пробате!

 рижото со пилешко месо и зеленчук

Состојки:

  • 1 1/2 чаши ориз
  • 2 парчиња пилешки стек
  • 6 лажица масло
  • 1 1/3 чаша замрзнат грашок, моркови и пченка
  • 1 мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажица соја сос
  • сол и мелен црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 3 чаши вода да зовријат. Во зовриената вода ставете го оризот да се вари за време од 10 минути. Начинот за брзо варење на ориз по рецепт на Џејми Оливер прочитајте го тука.
  2. Пилешкиот стек исечкајте го на мали коцки.
  3. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
  4. Во нелеплива тава или вок тава, загрејте го маслото на средна температура.
  5. Во загреаното масло додајте го исечканото пилешко месо, зачинете со сол и мелен црн пипер, и пропржете го месото за време од 8 до 12 минути во зависност од големината на парчињата месо. Прженото пилешкото месо извадете го од тавата и ставете го во чинија.
  6. Тавата во која се пржеше месото ставете ја на оган и додајте 3 лажици масло. Во загреаното масло ставете го грашокот, морковите, пченката и кромидот. Зеленчуците пропржете ги за време од 3 до 4 минути, а потоа додајте го ситно сечканиот лук и повторно пропржете 3 до 4 минути.
  7. Во тавата со зеленчукот, додајте го пилешкото месо и варениот ориз. Промешајте, а потоа додајте соја сос, посолете по вкус и наросете мелен пипер, а по желба може да додадете кари. Приготвеното рижото со пилешко месо и зеленчук послужете го додека е топло.

Сподели: