Гурмански специјалитет, со долга традиција на нашите простори! Постојат многу рецепти за подготовка на свинско месо, а едно од омилените јадења е гулашот. Речиси секоја домаќинка има свој начин на кој го подготвува, а секој нов рецепт е добредојден и нуди можност за ново кулинарско дегустирање. Овие денови пригответе го интересниот рецепт за свински гулаш со пиво. Подготвено на овој начин месото е сочно, вкусно, меко и се топи во уста. Дефинитивно вреди да се проба!
Доколку немате идеја што вкусно да подготвите за неделниот ручек, еве еден супер предлог за вас. Згответе свински гулаш со пиво, сервирајте го со пире или печени компири и уживајте во гозбата со вашите најмили. Со вакво вкусно јадење никогаш нема да згрешите. Резултатите се загарантирани исто како и пофалбите од секој кој што ќе го вкуси.

Состојки:
- 1½ главица кромид
- 2 лажици масло
- 500 г свежо свинско месо од Агриа (плешка, бут или врат)
- 1 чешне лук
- 1½ домат
- 1 коцка за супа (телешка или зеленчукова)
- 250 мл пиво
- 1 гранче свеж магдонос
- 1 лажица павлака
- 1 лажица црвена пипер
- 1 лажица доматно пире по желба
- сол и црн пипер по вкус
- буковска пипер по вкус.
Подготовка:
- Кромидот и лукот исечкајте ги на мали коцки.
- Во тенџере ставете го маслото да се загрее и додајте го кромидот. Посолете го и кратко запржете го додека омекни.
- Месото исечете го на коцки и заедно со сечканиот лук додајте ги во тенџерето. Пржете додека месото добие површинска кора.
- Потоа додајте ги пивото, 250 мл вода, црвената пипер и доматното пире.
- Кога гулашот ќе почне да врие додајте ги коцката за супа и сечканиот магдонос. Зачинете со сол, црн пипер и буковската пипер по вкус. Поклопете го садот и оставете го да се вари на средна температура околу 50 минути.
- Во меѓувреме доматите излупете ги и исечете ги на ситни коцки. После 50 минути додајте ги во гулашот.
- Вака подготвениот гулаш гответе го додека месото омекне.
- На крај додајте 2 лажици кисела павлака и продолжете со варењето уште неколку минути. Готовиот гулаш сервирајте го со пире од компири или друг додаток по ваша желба. На здравје!
Совети плус:
- За подготовка на гулаш најдобро е да користите свежо свинско месо кое има бројни придобивки во споредба со замрзнатото. Најважно од сѐ е тоа што е похранливо, а текстурата е подобра. Пред приготвување извадете го на собна температура околу 20-тина минути.
- При набавката купувајте свежо месо од домашни производители, а наша препорака се Агриа. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Свежото месо може да го најдете во месарниците на Агриа ширум земјава, а исто и во маркетите на Тинекс и Рамстор. Да ги поддржиме македонските компании кои имаат квалитетни производи!

Ви препорачуваме да прочитате: Кременадли во кремаст сос од печурки.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.