Свински ражничи со печурки и зеленчук

Свински ражничи со печурки и зеленчук

Искористете го убавото време и организирајте дружба со пријателите во природа! А, ако не знаете какво мезе да подготвите за да уживате со ладното пиво, ние сме тука да ви помогнеме. Имаме одличен рецепт за свински ражничи со печурки и зеленчук кои се идеални за совршен пикник со одбрано друштво! 

Може да ги послужите со сос или свежа салата по ваш избор. Уживајте во вкусот и во топлите пролетни денови пријатели!

Свински ражничи со печурки и зеленчук

Состојки:

  • 300 г свински бут од Агриа
  • 4-5 печурки (шампињони)
  • 1 главица кромид
  • пиперки (парчиња зелена, црвена, жолта или по вкус)
  • масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Измијте ги месото и зеленчукот. Исечкајте ги на коцки.
  2. Печурките исечкајте ги на парчиња.
  3. На стапче за ражнич наизменично редете месо, зеленчук и печурки додека го исполните цел ражнич. Постапката повторувајте ја додека имате состојки.
  4. Готовите свински ражничи зачинете ги со сол и црн пипер по вкус.
  5. Премачкајте ги со масло од сите страни и ставете ги да се печат на претходно загреана скара додека да добијат убава боја.
  6. Готовите свински ражничи со печурки и зеленчук послужете ги додека се топли со сос по ваша желба. На здравје!

Наша препорака:

Што ако ви кажеме дека можете да приготвите уште повкусни ражничи без многу труд? – Тајната се крие во изборот на свежо свинско месо од Агриа. Месото од Агриа е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! А можете да го набавите од месарниците на Агриа директно или од маркетите на Тинекс и Рамстор. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

свински ражничи Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Кои зачини да ги користите за подготовка на свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: