Кога станува збор за солените задовоства, топло ви препорачуваме да го пробате солениот колач со сирење. Неговата подготовка е многу лесна и брза, а има одличен вкус во кој ќе ужива целото семејство.
Супер е за појадок, а може да го направите и почестите вашите гости. А ако сте љубители на лесни солени торти, ви предлагаме да го прочитате рецептот за солената торта со блитва и сирење.

Состојки:
- 350 грама брашно
- 1 коцка свеж квасец
- 300 мл млеко
- 4 јајца
- 200 мл масло
- 1 мала лажичка сол
- сирење по потреба
- сусам.
Подготовка:
- Пуштете ја рерната да се загрева на 200 степени.
- Во длабок сад за месење ставете ги брашното, квасецот и млекото. Измешајте ги со лажица.
- Во сад за матење ставете две од јајцата. Изматете ги со миксер, а потоа додајте го маслото и промешајте со лажица.
- Изматените јајца и маслото додајте ги во садот со брашното и квасецот, и измешајте. Треба да добиете течна, но полугуста смеса, малку погуста од онаа која ја припремате за палачинки.
- Смесата ставете ја во подлабока тава (број 30). Оставете го колачот двојно да нарасне.
- Потоа, над тестото изрендајте сирење во количина која вам ви одговара.
- Во сад за матење ставете ги преостанатите јајца. Изматете ги со миксер, а потоа матените јајца ставете ги врз колачот. На крај наросете сусам.
- Тавата ставете ја во загреаната рерна и печете околу 20-тина минути, односно додека смесата добие црвеникава боја.
- Топлиот колач со сирење послужете го со чаша јогурт.
Совет плус: Доколку ви е потребна поголема количина од предложената, најдобро е да не додавате ,,од око”, туку да измерите колкава дополнителна количина ви е потребна. Ако ви е потребна помала количина од дадената, како на пример за двајца, од сите состојки ставете по половина и печете во помала тава.