Ручек како од ресторан! Пробајте го рецептот за познатиот руски специјалитет – Строганоф во сос од печурки и павлака кој сигурно ќе ве воодушеви. Традиционално се приготвува со телешко месо, а може да го направите со свинско или пилешко месо, по избор.
Доколку сте љубители на месо во сос, тогаш рецептов е совршен за да пробате нешто ново. Меко и сочно, а доста едноставно за подготовка. Топлиот Строганоф во сос од печурки и павлака може да го послужите со тестенини, пире од компири и свежа салата по избор.

Состојки:
- 600 г телешко или свинско месо од Агриа
- 2 лажици масло
- 1 поголема главица кромид
- 300 г печурки пресечени на половина
- 3 лажици путер
- 2 лажици брашно
- 500 мл говедски бујон
- 1 лажица сенф
- 150 мл кисела павлака
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Со помош на кујнски чекан исчукајте го месото, а потоа исечете го на тенки ленти со дебелина од 5 мм. Месото зачинете го со сол и црн пипер.
- Во меѓувреме кромидот и печурките исечкајте ги на парчиња.
- Загрејте две лажици масло во голема тава на оган, на висока температура. Додајте го сечканото месо и оставете го 30-тина секунди да се пропржи. Потоа превртете го и продолжете со пржењето уште 30-тина секунди. Ако тавата е помала, месото пржете го на два пати.
- Намалете ја температурата и во истата тава ставете го путерот да се растопи. Во растопениот путер ставете го кромидот и пропржете го за време од 1 минута. Потоа додајте ги печурките и пропржете ги додека поруменат.
- Во тавата додајте две лажици брашно и убаво измешајте. Додајте половина од бујонот и измешајте. Потоа додајте ја преостанатата течност. Во тавата додајте ги павлаката и сенфот. Оставете да проврие за време од 3-5 минути додека сосот ја добие потребната густина.
- На крај додајте ги парчињата месо и продолжете со варењето уште неколку минути. Топлиот Строганоф послужете го со тестенини по избор.
Наша препорака:
За да бидете сигурни дека ќе добиете неодолив вкусен ручек, препорачуваме да набавите свежо свинско или телешко месо од Агриа. Месото им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници во Велес, Битола и Штип. А свинското месо, освен во месарниците на Агриа, може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде и ваш прв избор!

Ви препорачуваме да прочитате: Виенски шницли по оригинален рецепт.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.