Тортиља бургер

Тортиља бургер – од кујната на Марија Кочовска

„Тоа што е хит и актулено мора да се испроба! Во последно време на интернет кружат различни верзии за тортиља бургер кој се прави едноставно. Разгледав повеќе идеи и направив моја веризја на овој тренд. 

Рецептот може да се прилагоди за сечиј вкус! Диетална верзија богата со зеленчуци, а за гурманите може да се сервира со помфрит.“ – вели Марија.  

тортиља бургер

Состојки:

  • 400-450 г мелено месо од Агриа
  • 1 лажица кромид во прав или ½ главица свеж кромид
  • ½ мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка мелен црн пипер
  • 1 мала лажичка буковска пипер
  • 4 големи тортиљи
  • 4 лажици кечап
  • Тако (мексикански) зачин 
  • Салата по избор: марула, зелка, домат, краставица, кисели краставички, кромид
  • Сенф, кашкавал во листови по желба.

Подготовка:

  1. Во длабока чинија ставете го меленото месо и додајте ги зачините: кромид во прав, сол, мелена црвена пипер и буковска пипер. Измешајте го и поделете го на 4 дела. 
  2. Во меѓувреме подгответе го зеленчукот. Марулата и зелката ситно исечкајте ги. Доматот исечете го на коцки, а краставицата на кругови. По желба може да додадете и сечкан кромид или кисели краставички. 
  3. Врз секоја од тортиљите нанесете го меленото месо во танок слој. Распоредете го скоро до крајот на секоја тортиља, а притоа оставате простор од 5 мм до крајот. 
  4. Тавата за палачинки ставете ја да се загрева. Ставете ја тортиљата да се пече, така што страната со месото ќе биде долу. Печете на умерено висока температура (7 од 9), околу 5 минути, а повремено притискајте ја тортиљата од горната страна со кујнска шпатула. 
  5. Потоа превртете ја и печете уште 1 минута. Превртете ја тортиљата и печете уште 2-3 минути. 
  6. Топлата тортиља извадете ја и превиткај ја на половина околу 1 минута. 
  7. Потоа премачкајте ја кечап и додајте тако зачин. Додајте салата по избор и послужете. На здравје! 

Препорака плус:

Сакаш да го направиш овој вирален рецепт, но размислуваш од каде да набавиш квалитетно месо? – Посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, или побарај го месото од Агриа во Тинекс и Рамстор маркетите. Секогаш свежо, домашно и со врвен квалитет. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна? Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа месо со најдобар квалитет. 

мелено месо агриа

Ако ти се допадна овој и сакаш да следиш повеќе рецепти од мене, посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Брз лахмаџун со тортиљи – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: