Чоколаден куглоф со цимет

Продолжуваме да ги споделуваме најубавите рецепти од македонските блогери на Инстаграм. Овој пат Андреја ни припреми сочен чоколаден куглоф со цимет. Сликата кажува дека вреди да се испроба во првата прилика!

А, ако ви требаат посни рецепти за чоколаден куглоф, ви предлагаме да прочитате:

Сите испробани и превкусни!

чоколаден куглоф со цимет

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 г шеќер
  • 220 г маргарин на собна температура
  • 1 лажица цимет
  • 1 прашок за печиво
  • 100 г какао
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 125 мл млеко
  • 125 мл јогурт
  • 300 г брашно.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги шеќерот и омекнатиот маргарин. Изматете ги со миксер додека се добие пенеста структура.
  2. Исклучете го миксерот и додајте ги јајцата едно по едно. Потоа додајте ги млекото и јогуртот.
  3. Потоа вклучете го миксерот на мала брзина и додајте ги брашното измешано со прашокот за печиво, циметот и какаото (предходно поминати низ сито). Лесно измешајте ја смесата за да се соедини убаво.
  4. Калапот за куглоф премачкајте го со маргарин, ставете ја смесата и печете во загреана рерна на 150 степени за време од 40 минути. Куглофот извадете го од рерната и оставете го да се излади.
  5. Чоколадото растопете го на пареа. Изладениот чоколаден куглоф со цимет декорирајте го со растопеното чоколадо. На здравје!

Автор: Андреја Коцева, @andybambii.

Ви препорачуваме да прочитате: Лесен куглоф со чоколаден крем.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: