чорба со ориз и моркови

Чорба од моркови и ориз

Ако сте љубител на чорби од зеленчук, ви препорачуваме да го пробате рецептот за чорба од моркови и ориз. Подготовката е едноставна, а вкусот е гарантирано добар. 

чорба со ориз и моркови

Состојки:

  • 5 поголеми рендани моркови
  • 60 гр ориз
  • 1 главица ситно сечкан бел кромид
  • 1 главица ситно сечкан црвен кромид
  • 250 мл млеко
  • 750 мл супа од зеленчук
  • 2 ловорови листа
  • 5 гранчиња магдонос
  • 4 лажици маслиново масло
  • по потреба црн пипер, сол

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ги маслиновото масло, ловоровите листови, кромидот, морковите и оризот. Пржете ги на средна температура за време од 5 минути.
  2. Потоа налејте ја зеленчуковата супа и варете на тивок оган околу 15 до 20 минути.
  3. Откако оризот ќе биде сварен, извадете ги ловоровите листови и додајте го топлото млеко.
  4. Вратете го тенџерето на оган и оставете да чорбата да проврие уште 2-3 минути.
  5. На крај додајте го ситно сечканиот магдонос. Послужете додека чорбата е топла. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: