Традицијата вреди да ја зачуваме и продолжиме! А традиционалните рецепти кои се пренесувале од генерација на генерација се оние најубавите и највкусните, нели? – Со големо задоволство, нашите пријатели Alfa-Plam споделуваат баш таков рецепт за јагнешка капама со спанаќ! Тие велат: „Ова е традиционално јадење кое најчесто се подготвува за велигденските празници. Вообичаено се прави со јагнешко месо и спанаќ, но може да се комбинира и со друг вид на месо. А бидејќи сега преку целата година имаме спанаќ и блитва, капамата може да ја направите кога ќе посакате.“
Па, драги пријатели, време е да го испробаме и овој рецепт! Состојките се едноставни, а подготовката лесна.

Состојки:
- 500 г јагнешко месо
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 500 г спанаќ или блитва
- брашно по потреба
- масло
- сол и црвена пипер по вкус.
Подготовка:
- Месото исечкајте го на коцки.
- Лукот, кромидот и морковот ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад.
- Месото посолете го и извалајте го во брашно. Во голема тава или тенџере ставете масло да се загрее. Во загреаното масло кратко пропржете го месото од сите страни додека порумени.
- Извадете го месото од тавата и во истото масло пропржете ги лукот, кромидот и морковот. Посолете по вкус и пржете додека поруменат.
- Вратете го месото во тавата и додајте 1 л вода. Оставете да се вари на тивок оган околу 90 минути.
- Спанаќот исчистете го и убаво измијте го. Кога месото ќе биде сварено додајте го спанаќот, зачинете со црвена пипер и варете уште 10 минути.
- Готовата капама послужете ја со овчо или кравјо кисело млеко. На здравје!
Наша препорака:
И за крај, им се заблагодаруваме на нашите пријатели од Алфа-Плам за сите убави рецепти кои ги споделуваат со нас. Нивните производи се достапни и на нашиот пазар, а долгогодишната традиција и квалитет ги прават прв избор штом станува збор за шпорети и грејни тела. А дали знаете дека во нивната палета на производи може да најдете електрични шпорети, комбинирани електрично-плински уреди, мини електрични шпорети, решо и плинско решо? – Разгледајте ја широката палета на производи на нивната веб-страницата од каде што може и да нарачате шпорет по ваш избор. А за сите новости следете ги на нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

Ви предлагаме да прочитате: Самса – врањанска пита за гурмани.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт