Ова јадење е познато во речиси секоја земја на светот. А благодарение на Клара и ние ќе може да ги вкусиме фантастичните ќофтиња во сос од домати. Ако сакате да направите специјалитет од мелено месо и зеленчук, ова е правиот избор за вас.

Состојки:
- ½ кг мелено месо
- 1 тиквичка
- 2 пиперки
- 1 врзоп магдонос
- 2 моркови
- 400 мл доматен сос
- 1 ќесичка крем супа
- 100 гр ориз
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажиче лук во прав или 6 чешниња
- 1 лажица црвен пипер
- 1 коцка за супа
- 3 полни лажици брашно
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- сол и црн пипер.
Подготовка:
- Кромидот, лукот, магдоносот и пиперките ситно исекајте ги.
- Морковите и тиквичката исечете ги на мали коцки.
- Оризот обарете го и оставете го да вари 5 минути, а потоа тргнете го од оган и ставете го во подлабк сад.
- Во садот со ориз додајте ги меленото месо, мешаниот сув зачин, јајцето, половина од магдоносот и лукот, сол по вкус и зачиниете со мелен црн пипер. Потоа убаво измесете.
- Во посебен сад измешајте го брашното со прашокот за крем супа, па додајте сол и црн пипер.
- Во оваа мешавина тркалајте ги оформените ќофтиња за убаво да се налепат по целата површина.
- Во тенџере на оган ставете вода заедно со коцката за супа и оставете да се вари.
- Во друго тенџере на оган, ставете масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги кромидот, останатата половина од лукот, пиперките, морковите и тиквичката да се пржат. Кога ќе омекнат додајте ја црвената пипер, останатиот магдонос, мешаниот сув зачин, посолете, зачинете со мелен црн пипер и налејте го доматниот сос. На крај додајте ја и сварената супа.
- Кога ќе проврие сосот, ставете ги ќофтиња и варете околу 30 минути. Варените ќофтиња со сос послужете ги додека се топли. На здраве!
Рецептот го испратил: Клара Бос