ликер од карамели

Брз карамела ликер

Имате 1-2 минути слободно време? – Ако одговоривте со „Да“ продолжете со читање и направете супер вкусен, кремаст карамела ликер. Само 3 состојки и 2 минути ве делат од летното супер освежување.

Да, добро прочитавте. Ова е нашиот испробан рецепт за брзиот карамела ликер кој го приготви Марија од нашиот тим. По вкусот потсетува на популарниот пијалок Бејлис, па го прогласуваме за летен рецепт број 1 кој мора да се проба!

карамела ликер

Состојки:

Подготовка:

  1. Во стаклено шише ставете ги преливот со вкус на карамела, вотката и слатката павлака. Затворете го со капак и измешајте добро.
  2. Ликерот чувајте го во фрижидер. Послужете го со коцки мраз по желба. Уживајте во светот на вкусовите!
liker od karameli

Препорака од авторот:

Што има поубаво од лето, топло време и чаша ладен ликер? Обожавам домашни ликери, па често испробувам најразлични рецепти. Ликерот со карамели ми е еден од омилените, па овој пат направив супер комбинација. Набавив Twister прелив од карамела и така се роди идејата да го искористам и да направам ликер. Многу ни се допадна на сите, па затоа овој брз и едноставен рецепт го споделувам со вас. Дефинитивно вреди да се проба!

Се надевам дека преку фотографиите ве инспирирав да го направите, а за сите прашања слободно пишете ми. Ако ви требаат испробани рецепти и идеи што вкусно да приготвите, разгледајте ги моите профили на Facebook и Instagram и следете ме.  Бидете поздравени и гответе со љубов!“ – вели Марија Кочовска.

ликер од карамели

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен чоколаден ликер со чоколадо и ванила.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: