Кога е време за ручек или вечера, сите сме во потрага по брзи и вкусни рецепти. А тие рецепти се оние кои ми се први на листата кога треба нешто вкусно да се прави. Се сетив да направам шпагети од тиквички и ги послужив со овој брз сос од мелено месо.
Изборот е ваш, може да ги послужите со тестенини по избор, пире или ориз. Наведените состојки се доволни за 2-3 порции.

Состојки:
- 450 г мелено месо од Агриа
- 1-2 лажици масло
- 1 лажица кромид во прав
- ½ лажица мешан зачин
- Сол и мелен црн пипер по вкус
- 1-2 чаши пасата, пасирани домати или домашен кечап.
Подготовка:
- Во поголема тава на оган го ставаме маслото да се загрее. Во загреаното масло го додаваме меленото месо и го пропржуваме околу 3-4 минути. Потоа го додаваме кромидот, мешаниот зачин, сол и мелене црн пипер по вкус.
- Пропржуваме уште 3-4 минути.
- На крај ја додаваме пасатата. Доколку сакате погуст сос, ставете 1 чаша, за потечен додајте 2 чаши пасата. Оставете го сосот да крчка уште 5-6 минути.
- Послужете со тестенини, пире или ориз по желба. На здравје!
Препорака плус:
- Секогаш кога набавувам намирници избирам да бидат домашни и со врвен квалитет. Често набавувам месо од месарницата на Агриа. Месото е секогаш свежо, домашно, квалитетно, а ја поддржувам и македонската економија. Месото од Агриа може да се најде во Тинекс и Рамстор маркетите.

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе идеи, посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Макарони со ќофтиња од мелено месо во сос.
*Рецептот е поддржан од Агриа.
