Новото пакување на инстант пирето од компири на Витаминка, ни беше инспирација за подготовка на нова и поинаква мусака, па неизбежно беше да го споделиме рецептот! Брзата мусака со пире од компири особено ќе им се допадне на понеискусните во кујната, кои сега може да направат вкусен и богат ручек за целото семејство со малку труд.
Би рекле дека можност за грешка при подготовка на оваа брза мусака, нема. Ваше е да ги следите инструкциите и да уживате во светот на вкусовите.

Состојки:
За инстант пире од компири:
- 2 ќесички инстант пире од Витаминка
- 1 литар вода
- 1 лажичка сол
- 1 мала лажичка мешан зачин Дафинка
- ½ литар млеко
- 2 лажица путер.
За фил:
- 300 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 мала лажичка мешан зачин Дафинка
- мелен црн пипер од Витаминка
- Брилијант масло по потреба
- 3 јајца
- 10 шери домати по желба.
Подготовка:
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги исечканиот кромид и лук. Пржете ги додека кромидот добие светло кафеава боја.
- Потоа додајте го меленото месо и промешајте. Кога месото ќе се запржи, додајте Дафинка (мешан зачин) и мелен црн пипер. Измешајте и тргнете ја тавата од огнот.
- Започнете со подготовка на пирето од компири. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари. Штом водата зоврие додајте сол и мешан зачин. Тенџерето тргнете го од огнот.
- Во тенџерето додајте ги млекото и содржината од ќесичките за пирето. Измешајте и додајте го путерот. Оставете го пирето околу 10-тина секунди.
- Во намрсена тава за печење, ставете половина од пирето. Врз пирето распоредете го филот од мелено месо.
- Во тавата ставате ја останатата половина пире и попрскајте малку масло.
- Така припремената мусака од пире ставете ја да се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 15-20 минути.
- Јајцата изматете ги, а по желба додајте малку млеко. Изматените јајцата додајте ги во тавата, наредете шери домати по желба и продолжете со печење уште 5-10 минути. Уживајте во светот со вкусовите на Витаминка!
Ви предлагаме да прочитате: Крцкави зачинети прстени од похуван кромид.
*Комерцијален рецепт