Брза проја со сирење – од кујната на Марија Кочовска

Превкусна! Оваа брза проја со сирење е одлична за појадок, а што е најважно многу е едноставна за подготовка. Многу ја обожаваат, па решив да го споделам мојот лесен рецепт за проја со сирење која се прави без миксер. 

Овој пат ја направив со мешано сирење од Млекара Тетово за да го доловам традиционалниот вкус на балканската проја. Може да се направи со овчо или кравјо сирење по желба.

брза проја со сирење

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 ½ чаша јогурт
  • ½ чаша масло
  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 1 чаша брашно
  • ½ лажичка сол
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 200 г мешано сирење од Млекара Тетово 
  • Сусам за наросување по желба.

Подготовка:

  1. Сирењето изрендајте го на крупната страна на рендето или издробете го.
  2. Во сад за матење ставете ги јајцата. Кратко изматете ги со жица за матење. 
  3. Во садот додајте ги маслото, јогуртот, пченкарното брашно, брашното и прашокот за печиво. Измешајте ги и додајте малку сол. 
  4. На крај, додајте го сирењето и измешајте.
  5. Правоаголниот калап обложете го со хартија за печење. Ставете ја смесата за пројата и добро израмнете ја. По желба посипете ја со сусам, ленено семе или семе од сончоглед.
  6. Пројата печете ја во загреана рерна на 200 степени, за време од 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 10-15 минути. Оставете ја кратко да се излади, а потоа извадете ја од калапот и ставете ја врз кујнска решетка за да се излади комплетно. 
  7. Готовата проја со сирење послужете ја топла или изладена по желба. На здравје!
брза проја со сирење

Препорака од авторот:

Ти се допадна овој рецепт? – Погледни ја подготовката на моите профили и заследи ме:

брза проја со сирење

Може да те интересира: Од кујната на Марија Кочовска: Брзи потпечени макарони со сирење, јајца и кашкавал.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: