Денес е денот да започнеш со здрав појадок кој ќе ти даде енергија. Парче печен ‘рж леб, авокадо и јајце за комплетен оброк богат со јаглени хидрати, здрави масти и протеини.
Едноставен, а вкусен оброк за целото семејство. Еве неколку придобивки кои ќе те мотивираат да го направиш овој појадок и почесто да го вклучиш во менито. Ржаниот леб е богат со растителни влакна, а благодарение на тоа го намалува нивото на лошиот холестерол, го подобрува варењето на храната и дава ситост подолго време. Авокадото е богато со здрави масти, а јајцето го збогатува оброкот со квалитетни протеини.
Состојки:
- ¼ авокадо
- 1 парче ‘ржан леб од Жито Лукс
- Сол, буковска пипер по вкус
- Семки од тиква и нане за декорација.
За поширано јајце:
- 2 лажици вински оцет
- 1 големо јајце.
Подготовка:
- Парчето леб испечете го на тостер, грил тава или во рерна.
- Врз печеното лепче ставете го авокадото и испасирајте го.
- Припремете го јајцето. Во големо тенџере ставете вода да зоврие. Јајцето скршете го во мал сад.
- Во водата додајте го оцетот и измешајте кружно. Во средината на тенџерето додајте го јајцето и варете го 3-4 минути. Со решеткаста лажица извадете го јајцето и ставете го врз лебот.
- Зачинете со сол и буковска пипер. По желба декорирајте со семки од тивка и сечкани листови нане. На здравје!
Совети плус:
- Наместо поширано јајце врз парчето леб може да ставиш варено или пржено јајце или кајгана.
- ‘Ржаниот леб може да го замениш со новите лебови од 100% цело зрно од Жито Лукс.
Ако немаш идеи што да појадуваш, а сакаш здрав и вкусен оброк, разгледај ги следите рецепти:
- 3 посни идеи за појадок со интегрален леб – предлози од Марија Кочовска.
- 3 брзи, слатки и посни идеи за појадок – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.