Време е за ново гастромско дегустирање, со нов рецепт и фантастично добар вкус! Инспирирана од новиот тост леб со кисело тесто на Жито Лукс, направив италијански сендвич со домати, ароматични зачини – босилек и лук, и кремастото сирење бурата.
Едноставно, а превкусно! Ајде заедно да ја истражуваме светската кујна и да ги дегустираме најдобрите јадења.
Состојки:
- 2 парчиња тост леб од кисело тесто од Жито Лукс
- 1 домат
- Прстофат сол и мелен црн пипер
- 1 бурата сирење (во замена може да се користи моцарела, изварка или друго сирење по избор)
- 5-6 листови босилек
- Маслиново масло
- 2 лажици путер
- ¼ лажичка лук во прав или 1 чешне свеж лук
- 1 лажица сечкан магдонос.
Подготовка:
- Доматот исечкај го на тенки ленти, посоли го и нароси го со мелен црн пипер.
- Врз парчињата леб стави по половина од бурата сирењето.
- Врз едното парче стави ги сечканите домати и попрскај со маслиново масло.
- Додај ги листовите босилек. Стави го и другото парче леб, така што сирењето ќе биде во внатрешноста на тостот.
- Во мал сад измешај ги путерот, лукот во прав и магдоносот. Со оваа смеса премачкај го сендвичот.
- Сендвичот стави го да се пече во загреана тава по 1-2 минути од страна, додека порумени и сирењето се растопи.
- Готовиот сендвич извади го од тавата, остави го да се излади кратко, а потоа исечи го на парчиња и послужи го. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!
Уживај во ароматичниот вкус, разгледај повеќе рецепти на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Монте Кристо сендвич – брза идеја за појадок од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.