Невена убаво ни кажа, „За мене овој начин е најбрз и наједноставен за подготовка на карфиол“, а ние се согласуваме со неа и потврдуваме дека е така. Овој супер брз рецепт за печен карфиол е многу едноставен и погоден за сите сезони и за целото семејство.
Може да се послужи како самостојно јадење со некој сос или како додаток на некое месо.

Состојки:
Подготовка:
- Карфиолот разделете го на помали цветчиња. Ставете го во сад, посолете го и измешајте го, па оставете го да отстои 30-тина минути.
- Јајцата со малку сол и црн пипер изматете ги со вилушка.
- Во мало плехче ставете хартија за печење, а рерната загрејте ја на 200 степени.
- Секое цветче карфиол извалкајте го во прво во брашното, а потоа во јајцата. Ставајте ги во плехот едно до друго и откако ќе ги наредите сите попрскајте ги со малку масло.
- Печете околу 30 минути или зависно од вашата рерна, или додека заруменат и омекнат цветовите карфиол.
- Печниот карфиол послужете го топол. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Похувани ќофтиња од карфиол.