маринада за месо на скара

Основна маринада за скара

Некои ќе речат за да се приготви вкусни месо, зависи од јачината на огнот, други исклучиво од калвитетот на месото, но сите се сложуваат во едно – добрите маринади го прават месото повкусно и се неизоставен дел од секоја скара. Па, во оваа прилика во претставуваме основна маринада за скара.

Маринадите се мешавина на масло, киселина, зачини, чија цел е да го омекнат месото и да му дадат подобар вкус. Месото се става во маринадите околу 3 часа пред да се пече на скарата. Може да се чува и подолго време, до 2 дена во фрижидер, но во тој случај треба да се избегнува додавање на поголема количина на сол, затоа што солта може да ја повлечи водата од месото. А со тоа, при печењето ќе добиете суво и тврдо месо.

маринада за скара

Основна маринада за скара

Кога приготвувате маринада треба да внимавате на овие работи. Доколку користите лук, ситно исечкајте го. Ако користите кромид, посолете го и оставете го да отстои. Во маринадата додајте го само сокот од кромидот или може да го додадете и кромидот, доколку ситно го исечкате до каша. Друг предлог е да користите лук или кромид во прав. Ова е важно, затоа што парчињата кромид или лук во текот на печењето може да загорат и да му дадат горчлив вкус.

Состојки:

  • 100 мл сончогледово масло
  • 100 мл јаболкова киселина
  • ½ мала лажичка сол
  • свежо мелен црн пипер
  • 3 до 4 чешниња ситно сечкан лук.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го ситно сечканиот лук, додајте сол, пипер, па постепено лажица по лажица додавајте од маслото и киселината. Кога состојките добро ќе се соединат, додајте го преостанатото масло и киселината.
  2. Со готовата маринада добро измачкајте го месото од сите страни.
  3. Оваа маринада е погодна за сите врсти на месо, како и за подготовка на риба на скара.

Ви предлагаме да прочитате: Најдобра маринада за сите видови на месо.

Сподели: