Колку обожаваме домашни намази! Листата на рецепти сега е збогатена со уште еден едноставен намаз од шунка и сирење.
Овој супер предлог ни доаѓа од кујната на Невена, а совршено се вклопува во сендвичи. Изберете бел или интегрален леб, малку потпечете го и додајте зеленчук по желба. Уживајте во фантастичниот вкус, а штом го пробате и да ни пишете како ви се допаднал.

Состојки:
- 250 грама шунка
- 150 грама крем сирење
- ¼ мала лажичка црн пипер.
- по потреба интегрален или обичен леб
- 50 гр рукола
- 2-3 домати.
Подготовка:
- Шунката исечкајтеја на ситно.
- Во блендер ставете ја исчеканата шунка и додајте ги крем сирењето и црниот пипер.
- Миксирајте ги додека се добие хомогена смеса.
- Добиениот намаз ставете го во соодветен сад, покријте го и оставете го фрижидер околу 2 часа да се изедначат вкусовите. Потоа, намазот е спремен за мачкање.
- Парчината леб малку запечете ги на тостер, а доматите исечете ги на кругови.
- На едно парче леб намачкајте од намазот со шунка, ставите прстофат рукола и еден или два (зависи од големината) круга домат и поклопете со друго парче леб. Уживајте во вкусниот сендвич со домашен намаз од шунка и сирење. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Посен намаз од леќа.