мусака со компири

Традиционален рецепт за мусака со компири и мелено месо

Секој си има свој рецепт за мусака која е едно од омилените јадења во Македонија. Најчесто се прави со компири и мелено месо, а може да се најдат и варијанти со модар патлиџан или тиквички. Но, онаа традиционалната, таа ни е најубава и највкусна, омилена! Топла и сочна за убави моменти на трпезата заедно со семејството!

А, што ви треба за да направите највкусна мусака? – Прво правило е изборот на квалитетни намирници. Најдобро е да користите свежо мелено месо, кое може да го набавите од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес). Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите. За подготовка на мусaката користете мелено месо во сооднос 50:50. Потоа, посветете внимание на изборот на компирите и другите зеленчуци. Пожелно е да се со добар квалитет, да не се овенати и да немаат оштетувања. А доколку ги набавите од локален производител, уште подобро. Така мусаката ќе има најдобар домашен вкус кој веруваме дека ќе ве освои.

традиционална мусака со компири и мелено месо

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 500 г мелено месо од Агриа
  • ½ до 1 главица кромид
  • млака вода по потреба
  • 2-3 јајца
  • 250 мл млеко
  • 1 мала лажичка црвена пипер
  • оригано, сол и мелен црн пипер по вкус
  • масло по потреба
  • 100 г кашкавал.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина од 3-5 мм.
  2. Кромидот ситно исечкајте го. Ставете го во тава со загреано масло и пропржете го додека порумени. Во тавата додајте го меленото месо и зачинете со оригано, сол и мелен црн пипер. Месото пропржете го 3-5 минути додека добие кафеава боја.
  3. Во намрсена тава ставете еден ред компири, посолете ги и додајте го филот со меленото месо. Потоа наредете уште еден ред од компирите и посолете.
  4. Во тавата додајте млака вода, отприлика во висина на компирите. Мусаката ставете ја да се печи во загреана рерна на 220 степени за време од 40 минути, додека компирите омекнат.
  5. Јајцата изматете ги со млекото и додајте ги во тавата. По желба додајте и рендан кашкавал. Температурата намалете ја на 150 степени и продолжете со печењето уште 10-15 минути.

Совет плус:

  • Ако јадењата ја задржуваат сочноста при печењето во рерната или не сакате воопшто да остане течност, додајте помалку вода.

Кој е вашиот омилен рецепт за мусака? – Споделете го во коментар или во групата Сѐ за храна.

традиционална мусака со компири

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: