Фритата е нешто посложена врста на кајгана, која обично е направена од повеќе состојки. Карактеристично е за неа тоа што таа прво се пржи на оган, а потоа се печи во рерна. Овој пат ви претставуваме еден интересен рецепт за фритата со спанаќ и киноа кој е вкусен, вегетаријански и многу здрав.
Овој рецепт е многу едноставен и брз за приготвување, а со својот вкус гарантирано никого нема да го остави рамнодушен. Вреди да го пробате кога не сте многу расположени за готвење на покомплицирани јадења кои одземаат многу време, а сепак сакате да ги импресионирате вашите најблиски со богат и вкусен ручек.

Состојки:
- 2 јајца
- 450 грама спанаќ
- 2 чаши варена киноа (или 1 чаша неварена киноа)
- 1 чаша сирење
- 2 лажици маслиново масло
- 1 средна главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка свежа мајчина душица
- 1 лажица свеж рузмарин
- 1 црвена пиперка
- ¼ лажичка мелен црн пипер
- сол по вкус.
Подготовка:
- Спанаќот ставете го во врела вода и бланширајте го за време од 10 секунди. Потоа префрлете го во сад со ладна вода во која претходно сте додале мраз.
- Кога ќе се излади спанаќот исцедете го од водата и ситно исечкајте го.
- Лукот, кромидот и црвената пиперка ситно исечкате ги.
- Во тава на оган, на умерена температура загрејте го маслиновото масло. Додајте ги сечканиот кромид, лукот, мајчината душица, рузмаринот, црвената пиперка и кратко пропржете ги.
- Јајцата ставете ги во длабока чинија и изматете ги со виљушка.
- Запржените зеленчуци ставете ги во поголем сад и додајте го спанаќот, варената киноа, дробеното младо сирeње, изматените јајца, посолете и зачинете со мелен црн пипер. Смесата за фритатата измешајте ја со лажица.
- Тавата за печење (20*20 см) намрсете ја и посипете ја со лебни трошки. Во тавата ставете ја смесата и добро израмнете ја.
- Фритатата ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути, односно додека порумени.
- Печената фритата исечете ја на парчиња и сервирајте ја топла или пак изладена на собна температура. По желба, послужете ја со јогурт или пак свежа салата.
Ви препорачуваме да прочитате: Печена фритата со зеленчук.