Чили кон карне – специјалитет со мелено месо кој ќе ве освои!

Експлозија на бои и вкусови! Ако сте љубител на зачинети и пикантни јадења, чили кон каре е рецептот кој ќе ве освои на прво пробување!

Овој популарен специјалитет со мелено месо доаѓа од мексиканската кујна. А, кога станува збор за храна, мексиканците имаат поговорка која вели: „Полн стомак, полно срце!“. Тие знаат да уживаат во убава традиционална храна, а сега и вие може да направите врвен специјалитет како од мексикански ресторан. Чили кон карне има уникатен вкус кој долго се памети, па сигурни сме дека рецептот ќе се најде во вашата омилена листа.

Чили кон карне - популарен специјалитет со мелено месо

Состојки:

  • 500 г мелено говедско месо од Агриа
  • 1 главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица масло
  • 1 лажичка чили во прав
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1 лажичка мелен ким
  • 1 коцка говедска супа
  • 400 г сечкани домати од конзерва
  • ½ лажичка оригано
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажици доматно пире
  • 410 г варен црвен грав.

За сервирање:

  • варен ориз по потреба
  • павлака по желба.

Подготовка:

  1. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
  2. Пиперката измијте ја, извадете ги семките и исечкајте ја.
  3. Во тава на оган (на средна температура) ставете 1 лажица масло да се загрее. Додајте го кромидот и пропржете го додека омекне.
  4. Во тавата додајте ги лукот, црвената пиперка, 1 лажичка чили во прав, црвената пипер и 1 лажичка мелен ким. Измешајте и оставете да се готви уште 5 минути. Потоа, додајте го меленото месо и пропржете го.
  5. Коцката говедска супа растворете ја во 300 мл топла вода и додајте ја во тавата со меленото месо. Додајте ги сечканите домати, ориганото и шеќерот. Ставете сол и црн пипер по вкус и 2 лажици доматно пире. Убаво измешајте.
  6. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата. Покријте ја тавата со капак и оставете да се динстува околу 20 минути. Повремено мешајте и по потреба додајте неколку лажици вода.
  7. Црвениот грав измијте го и исцедете го. Додајте го во тавата и оставете да се вари околу 10 минути. По потреба, додајте вода и зачини.
  8. Потоа, исклучете го огнот и оставете го чилито да отстои, најмалку 10 минути пред да го послужите.
  9. Сервирајте со варен ориз и павлака по желба. Декорирајте со свеж магдонос и послужете. На здравје!

Си направил/а ли досега чили кон карне? Дали знаеш во што се крие тајната за подготовка на овој специјалитет? – Приклучи се во групата на Сè за храна и раскажи ни!

Совет:

  • Ако не си го пробал овој специјалитет, а сакаш да го подготвиш совршено, избери квалитетно мелено месо – може да го направиш со мелено мешано или мелено свинско месо по избор. А, ако нас нè прашате, ќе ве упатиме директно во Агриа, бидејќи важат за проверени производители! За највкусно јадење, препорачуваме да користите свежо мелено месо, кое може да го набавите од месарниците на Агриа  во Битола, Штип и Велес или во некои поголеми маркети. Освен тоа, во нивните месарници ќе пронајдете и свежо свинско и јунешко месо кои самите ги произведуваат.

Препорака плус: Кое е вашето омилено јадење од мексиканската кујна?

  • Ако обожавате бурито земете една тортиља, врз неа ставете зелена салата, чили кон карне и сечкани домати. Завиткајте ја и послужете ја. Разбудете ја вашата креативност, чилито посипете го со рендан кашкавал и послужете го со тортиља чипс.
чили кон карне

Ви препорачуваме да прочитате: Лења пита со мелено месо – без месење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: