клуб сендвич

Домашен клуб сендвич

Обожавате ли клуб сендвич? Ако вашиот одговор е да, сега може дома да си направите највкусен клуб сендвич на едноставен и брз начин.

Клуб сендвичот се прави со парчиња печен леб, слаби ленти од пилешко месо, пржена сланина, марулка, домат и мајонез. Готовиот клуб сендвич се пресекува на четвртини или половини, кои се прицврстени со чепкалки. Потекнува од доцните години на 19-от век, а е популарен ширум светот, каде што најчесто се служи со „Coleslaw“ салата или салата од компири, гарнирано со кисели краставички. Исто така, може да се сретне и клуб сендвич со помфрит или чипс од компири.

клуб сендвич

Состојки:

  • 3 парчиња леб
  • 3 ленти чадена сланина
  • мајонез
  • шункова и мисиркина салама
  • чедар сирење
  • марулка
  • домат

Подготовка:

  1. Парчињата леб, испечете ги во тостер или на шпоретот.
  2. Сланината ставете ја во тава на оган да се пржи. Пржената сланина ставете ја врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
  3. Доматот исечете го на тенки кругови.
  4. Првото парче леб премачкајте го со мајонез и врз него ставете шункова и мисиркина салама. Врз саламата ставете парче чедар сирење.
  5. Второто парче леб премачкајте го со мајонез од двете страни и ставете го врз чедар сирењето. Над парчето леб ставете ја сланината, марулка и парчињата домат.
  6. Третото парче леб премачкајте го со мајонез и ставете го врз доматот. Притиснете го сендвичот и ставете 4 чепкалки по краевите за да може полесно да го исечете. Со нож, пресечете го сендвичот на 4 делови.
  7. Послужете го сендвичот со топол помфрит. Уживајте!

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите крцкав помфрит дома?

Сподели: