Најбрз рецепт за печен карфиол 1

Најбрз рецепт за печен карфиол

Невена убаво ни кажа, „За мене овој начин е најбрз и наједноставен за подготовка на карфиол“, а ние се согласуваме со неа и потврдуваме дека е така. Овој супер брз рецепт за печен карфиол е многу едноставен и погоден за сите сезони и за целото семејство.

Може да се послужи како самостојно јадење со некој сос или како додаток на некое месо.

Најбрз рецепт за печен карфиол 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Карфиолот разделете го на помали цветчиња. Ставете го во сад, посолете го и измешајте го, па оставете го да отстои 30-тина минути.
  2. Јајцата со малку сол и црн пипер изматете ги со вилушка.
  3. Во мало плехче ставете хартија за печење, а рерната загрејте ја на 200 степени.
  4. Секое цветче карфиол извалкајте го во прво во брашното, а потоа во јајцата. Ставајте ги во плехот едно до друго и откако ќе ги наредите сите попрскајте ги со малку масло.
  5. Печете околу 30 минути или зависно од вашата рерна, или додека заруменат и омекнат цветовите карфиол.
  6. Печниот карфиол послужете го топол. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Похувани ќофтиња од карфиол.

Сподели: