Сендвич со домашен намаз од шунка и сирење

Сендвич со домашен намаз од шунка и сирење

Колку обожаваме домашни намази! Листата на рецепти сега е збогатена со уште еден едноставен намаз од шунка и сирење. 

Овој супер предлог ни доаѓа од кујната на Невена, а совршено се вклопува во сендвичи. Изберете бел или интегрален леб, малку потпечете го и додајте зеленчук по желба. Уживајте во фантастичниот вкус, а штом го пробате и да ни пишете како ви се допаднал.

сендвич со намаз од шунка

Состојки:

  • 250 грама шунка
  • 150 грама крем сирење
  • ¼ мала лажичка црн пипер.
  • по потреба интегрален или обичен леб
  • 50 гр рукола
  • 2-3 домати.

Подготовка:

  1. Шунката исечкајтеја на ситно.
  2. Во блендер ставете ја исчеканата шунка и додајте ги крем сирењето и црниот пипер.
  3. Миксирајте ги додека се добие хомогена смеса.
  4. Добиениот намаз ставете го во соодветен сад, покријте го и оставете го фрижидер околу 2 часа да се изедначат вкусовите. Потоа, намазот е спремен за мачкање.
  5. Парчината леб малку запечете ги на тостер, а доматите исечете ги на кругови.
  6. На едно парче леб намачкајте од намазот со шунка, ставите прстофат рукола и еден или два (зависи од големината) круга домат и поклопете со друго парче леб. Уживајте во вкусниот сендвич со домашен намаз од шунка и сирење. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Посен намаз од леќа.

Сподели: