посен мазник со кисела зелка

4 рецепти за посен мазник

Овие рецепти се испробани од нас и нашите пријатели, навистина се солидни во вкусот. Деновиве мазниците се на трпезите најзастапено јадење, па во оваа прилика ви предлагаме 4 избрани рецепти за посен мазник. Не двоумете се и пробајте некој од рецептиве уште денес!

Мже да ве интересира: Брз рецепт за посен мазник од готови кори.

посен мазник со кисела зелка

Посен мазник со кисела зелка

Вкусен вегетаријански предлог за посен мазник со кисела зелка кој сигурно ќе ви се допадне. Редовно е на нашата листа на омилени јадења кои традиционално ги приготвуваме за посните слави и имендени, а на овој линк може да дознаете како да си го направите и дома.

Рецепт за посен мазник со спанаќ

Рецептот е повеќе пати испробан во нашата кујна, а одличен за збогатување на трпезата за време на пости, куќни слави, имендени или други свечености. Вкусот е одличен, а рецептот може да го прочитате тука.

Традиционална посна пита со праз без тегнење

Да ја пробаме посната катмер пита со праз, која наликува на мазник но се прави без тегнење. Досега не сме го чуле зборот катмер, но човекот учи додека е жив, нели? Можеби некои од вас го слушнале, а за тие што прв пат се среќаваат со овој збор, да го објасниме. Катмер пита се нарекува питата направена со многу тенки кори кои се двојат една од друга. Рецептот за оваа пита е традиционален, кој го приготвувала бабата на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone. Единствена разлика е што Лана ја направи оваа пита со масло, наместо маст. Таа ни пренесе дека питата има крцкави кори и дека е многу вкусна. А по желба може да ја направите со тиква, компир или друг фил по ваша желба. Рецептот прочитајте го тука.

Посна плетена тегната пита (мазник) со спанаќ и праз

Е ваква убава пита не сте пробале! Благодарение на Катерина, сега ќе може да уживате во вкусот на убавата посна, плетена тегната пита (мазник) приготвен со фил од спанаќ, праз и суви црвени пиперки. Сигурно ќе се сложите со нас, дека питава Катерина ептен ја погодила. Па, што ви останува? Ајде во кујната и започнете со креирање на една од највкусните пити. Сигурни сме дека ќе им се допадне на целото семејство, а и на пријателите. Рецептот може да го прочитате тука.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 испробани рецепти за мазник со различни филови.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: